Висар Ганиу на разговор во полициска станица, добил две прекршочни казни поврзани со посетата на Курти

од Stefanija Kuzmanovska
455 прегледи

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу денеска бил повикан на разговор во Полициската станица „Бит Пазар“ каде што бил информиран дека добил две прекршочни казни во врска со организацијата на посетата на косовскиот премиер, Албин Курти, во Чаир.

„Околу 13 часот и 30 минути бев поканет од началникот на полицијата ‘Бит Пазар’ да дојдам на информативен разговор. Претставени ми беа причините. Одлучено е дека во моментов имам две прекршочни казни, а причината е посетата на премиерот Албин Курти во Чаир“, рече Ганиу во изјава за медиумите пред ПС „Бит Пазар“.

Слични содржини