Природни лекови кои помагаат при дијареа

од Stefanija Kuzmanovska
9,8K прегледи

Дигестивните проблеми, како течна столица, се појавуваат ненадејно и се предизвикани од бактерии, вируси или нарушување на цревната микрофлора.

Доколку сакате што поскоро да ја прекинете оваа непријатна појава, испробајте некои од домашните трикови кои навистина функционираат.

Бел ориз
Обичниот, варен бел ориз се користи уште од памтивек во борбата против стомачните проблеми бидејќи е лесно сварлив и не предизвикува гадење или иритација на желудникот.

Јадете грст варен, малку посолен бел ориз. Кога повторно ќе почувствувате глад, јадете повеќе. Порциите мора да бидат мали.

Банани
Ова слатко и вкусно овошје е идеален борец против дијареата. Содржи голема количина на пектин, кој се препорачува за стомачни проблеми.

Бананите содржат и многу калиум и електролити, кои телото ги губи преку вишокот излачување на течности.

Јадливиот дел од бананата изгмечете го со вилушка, оставете да потемни, па јадете полека.

Билни пијалоци
Мирисните билки како камилица и нане се антиспазмодици кои го смируваат желудникот и спречуваат грчеви и лошо варење. Имаат антиинфламаторно дејство и се одличен борец против надуеност и стомачни проблеми.

Направете чај од две лажички камилица или нане. Оставете го да отстои пет до 10 минути и пијте полека, незасладено, во текот на денот.

Против дијареа се препорачуваат и засладен чај од шипка и црн руски чај. Исто така, исклучително е важно да се пие многу вода за да се спречи дехидрација и да се заменат изгубените течности.

Јаболка
Јаболковиот оцет е повеќенаменска храна – помага за слабеење, но и за балансирање на цревната микрофлора. Јаболковиот оцет е ефикасен борец против бактериите кои предизвикуваат дијареа. Но, кога имате дијареа, јадете го целото овошје наместо оцет.

Јаболкото излупете го, исечете го на парчиња и оставете го да потемни пред да го консумирате. Компотот од јаболка исто така ќе помогне при проблеми со стомакот.

Слични содржини