345
Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Турција, јавува ЕМСЦ.
Епицентарот бил на 100 километри од Кахраманмарас, кој беше разурнат од земјотресот што се случи во февруари годинава.
Земјотресот е регистриран на длабочина од осум километри.
Засега нема информации за повредени и материјална штета.