Маричиќ: Или ќе направиме уставни измени и ќе тргнеме кон ЕУ членство до 2030-та година или ќе останеме во чекалната

од Vladimir Zorba
490 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во својата изјава по средбите во Атина со високите претставници на ЕУ истакна дека постои момент на решителност за ново проширување на Европската Унија и дека Северна Македонија не смее да ја пропушти оваа шанса и повторно да чека.

– Пораката е јасна, државите од Западен Балкан што поскоро да се најдат во Европската Унија. Како никогаш до сега, постои момент и решителност за ново проширување на Европската Унија. Сите се свесни дека Европската Унија, ниту Европа не можат да бидат обединети без секоја држава од Западен Балкан да стане членка во Европската Унија, вели Маричиќ.

Маричиќ кој заедно со премиерот Ковачевски беше во официјална посета на Атина, по повод одбележувањето на 20 години од одржувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Солун и „Декларацијата од Солун”, во изјавата посочи дека на средбата со домаќинот, грчкиот премиер Мицотакис било потврдено цврстото сојузништво помеѓу Грција и Северна Македонија и дека заложбата е како што сме заедно во НАТО и така треба да бидеме заедно и во Европската Унија.

На средбите со високите претставници на Европската Унија, Маричиќ рече дека биле поздравени уставните амандмани, со повик тој процес успешно да заврши со зрелост, одговорност и поддршка од сите политички партии во Собранието.

– Нашиот пат кон Европската Унија е исцртан и тоа е тоа што граѓаните го сакаат. Наш е изборот, дали ќе ги направиме овие неопходни уставни измени и ќе тргнеме на патот кон Европската Унија и членство до 2030-та година или ќе останеме во чекалната, посочува Маричиќ.

Главниот преговарач со ЕУ Маричиќ во изјавата укажува дека „чекањето е стратегија којашто ќе ја испразни државата од млади луѓе и ќе ја убие надежта, надежта за подобра и за европска иднина” и затоа како што вели тој „не смееме да дозволиме и не смееме да одиме против волјата на најголем дел од граѓаните Северна Македонија да стане членка на Европската Унија што поскоро”.

– Мораме да ја искористиме оваа шанса, и да продолжиме на патот кон брзо членство во Европската Унија. Тоа го сакаме, тоа и го заслужуваме, порачува Маричиќ.

Во рамки на посетата на Атина вицепремиерот Маричиќ и претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, остварија билатерални средби и со Маја Синду, претседателката на Молдавија и со претседателот на Украина, Зеленски.

„Овие два дена имавме бројни средби во Атина со највисоките претставници на Европската Унија. Пораката е јасна, државите од Западен Балкан што поскоро да се најдат во Европската Унија. Како никогаш до сега, постои момент и решителност за ново проширување на Европската Унија. Сите се свесни дека Европската Унија, ниту Европа неможат да бидат обединети без секоја држава од Западен Балкан да стане членка во Европската Унија.

Домаќинот, Грчкиот Премиер Мицотакис го потврди тоа со нашиот премиер Ковачевски, и го потврди цврстото сојузништво помеѓу Грција и Северна Македонија. Едногласно се согласија и утврдија дека сме заедно во НАТО и дека ќе бидеме заедно во Европската Унија.

Заедничката демократска и европска иднина ја потврдивме и со претседателот на Украина Зеленски, којшто дадовме директна и недвосмислена поддршка за борбата за слобода на Украина и украинскиот народ, како и со претседателката на Молдавија.

На сите средби со високите претставници на Европската Унија, заедно ги поздравивме уставните амандмани чијашто дискусија започна во македонското Собрание пред неколку дена. Тоа е почеток на еден процес кој треба успешно да заврши со зрелост, одговорност и поддршка од сите политички партии во Собранието.

Нашиот пат кон Европската Унија е исцртан и тоа е тоа што граѓаните го сакаат. Наш е изборот, дали ќе ги направиме овие неопходни уставни измени и ќе тргнеме на патот кон Европската Унија и членство до 2030-та година или ќе останеме во чекалната.

Чекањето е стратегија којашто ќе ја испразни државата од млади луѓе и ќе ја убие надежта, надежта за подобра и за европска иднина. Затоа не смееме да дозволиме и не смееме да одиме против волјата на најголем дел од граѓаните Северна Македонија да стане членка на Европската Унија што поскоро.

Да ја искористиме оваа шанса, и да продолжиме на патот кон брзо членство во Европската Унија. Тоа го сакаме, тоа и го заслужуваме“, порача Маричиќ.

Слични содржини