Спасовски по повод роденденот на ЕБР: Развојот и унапредувањето на Единицата е на врвот на приоритетите

од Vladimir Zorba
186 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка по повод Денот на Единицата за брзо распоредување.

Во честитката објавена на неговиот фејсбук профил, Спсовски истакнува дека 23 август претставува датум од исклучителна важност – 22 години од формирањето на Единица за брзо распоредување во рамки на Одделот за специјални полициски операции при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи.

– Тежнеејќи кон воспоставување комплетна функционална хармонизираност на сите сегменти на полициското работење согласно нашата национална стратешка определба за евро-атлантска интеграција и целосно имплементирање на фундаменталните демократски вредности, евидентни се извонредните резултати кои ги постигна оваа Единица, а и МВР во целост, на кои гледам и како на дополнителен мотив за натамошното работење. Вие, низ деноноќните активности, покажавте дека нема простор за ниту еден криминалец или криминална група да ги загрозува мирот, стабилноста и безбедноста на граѓаните на Република Северна Македонија. И, без никаков сомнеж, за Министерството за внатрешни работи – прашањето за визијата и правците за натамошно развивање и унапредување на Единицата за брзо распоредување во сите нејзини сегменти, е сосема на врвот на приоритетите – без исклучок! Бидејќи, досегашните резултати на Единицата, нејзините и стремежите на сите нејзини припадници тоа го заслужуваат во целост, наведува Спасовски во честитката.

Слични содржини