Косово: Пациентка починала по вадење на заб, уапсени стоматолог и „сестра“ која завршила кројачко училиште

од Stefanija Kuzmanovska
559 прегледи

Пациентка починал по вадење заб во Ѓаковица, град во западниот дел на Косово. Едномесечен притвор му е одреден на стоматолог на приватна ординација, а на неговата медицинска сестра од Малишево ѝ е одреден куќен притвор од еден месец, јавува N1.

Стоматологот е осомничен за несовесно постапување и незаконско вршење на медицина, а медицинската сестра за неовластено вршење на медицина и посебни случаи на фалсификување исправа. Имено, медицинската сестра завршила кројачко училиште, па немала соодветна стручна подготовка за давање медицински услуги.

Во лекарската ординација се пронајдени 18 уверенија и дипломи заверени со фалсификувани печати на средното медицинско училиште и на медицински факултет.

За време на вадењето заб, стоматологот користел несоодветни методи на лекување. Пациентката Л.Ш. починала во дворот од ординацијата по вадење на заб, а во болницата во Малишево утврдиле дека смртта настапила поради примена на несоодветни методи и терапија која ја користел стоматологот при вадење на забот.

Слични содржини