Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во разговор со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи ќе ја изрази подготвеноста на Анкара да дејствува како посредник во решавањето на конфликтот во Украина, објави турскиот весник „Милијет“.
Весникот, повикувајќи се на добро информирани извори, пишува дека Ердоган ќе ја нагласи важноста од воспоставување постојан мир и стабилност во регионот и дека ќе изрази подготвеност да ја преземе улогата на посредник и да обезбеди секаков вид поддршка, вклучително и организирање директни преговори меѓу Русија и Украина за да се обезбеди постојан мир.
Весникот наведува дека постои надеж за враќање на Русија на договорот за извоз на жито преку украинските пристаништа на Црното Море и дека Ердоган ќе ја нагласи важноста од ревитализација на тој договор за глобално снабдување со храна, пренесува РИА Новости.