Санкционирани 339 возачи за брзо возење

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила, кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 339 возачи.

– Од нив, 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 158 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 181 надвор од населено место, се појаснува во соопштението на МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

Слични содржини