Во август санкционирани 1610 возачи на мотоцикли, 50 мотоцикли одземени

од Vladimir Zorba
209 прегледи

При сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија во текот на август Министерството за внатрешни работи санкционирале 1 610 возачи возачи на мотоцикли.

– Од нив, 999 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 313 возеле без возачка дозвола, 50 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, соопштуваат од МВР.

Дополнуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Слични содржини