334
Зоран Ангеловски, чиј мандат како актуелен директор на Оперативно – техничката агенција (ОТА) завршува утре, го откажа пресот пред Собранието поради неодложни обврски, информираа од неговиот Кабинет.
Тој вчера ги повика медиумите на прес конференција која требаше да се одржи денеска во 11 часот.
Собранието со 83 гласа „за“ вчера донесе одлука за распишување оглас за нов директор на ОТА, а од Делегацијата на ЕУ побараа властите да обезбедат континуитет во работењето на агенцијата.
Ангеловски за раководител на оваа институција беше назначен на 7 септември 2018 година. Директор на ОТА се бира со 2/3 мнозинство.
Неговиот петгодишен мандат според Законот за ОТА е без право на реизбор.