Ковачевски – Гир: Следниот политички чекор по европскиот пат е директно поврзан со подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, имаше средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

На состанокот е реафирмирана силната поддршка од европските партнери за евроинтеграцискиот напредок на Република Северна Македонија.

Следниот политички чекор по европскиот пат, како што е констатирано, е директно поврзан со подобрувањето на квалитетот на живот на македонските граѓани.

Исто така, исчекорот се очекува во европската заедница, како прашање од важност за стабилноста на европскиот континент.

На средбата е заеднички оценето дека сите политички субјекти во земјава и сите институции е неопходно да се фокусираат на одлуки што ја доближуваат Северна Македонија кон европската цел, стои во соопштението од владината прес-служба.

Слични содржини