ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски станува соучесник во амнестијата за големите скандали

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Пендаровски уште еднаш потрча да се допадне на СДСМ наместо да трча да ги заштити законите и правдата, и се тоа за нова кандидатура за претседател, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски запрашан за коментар за експресното потпишување на измените на Кривичниот законик од страна на претседателот Стево Пендаровски.

Според Стоилковск, Пендаровски станува соучесник во амнестијата која ја прават владејачките партии со цел да се сокријат и да се спасат од одговорност од големите скандали кои ја потресоа Македонија, како последниот за Онкологија, „Беса Транс“, модуларна болница, како и за фирмите за струја и плацевите за панели.

„Со тоа Пендаровски станува соучесник во амнестијата која СДС и ДУИ ја прават за да се сокријат од скандали како актуелниот за Онкологија, како скандалот со човечки жртви „Беса Транс“, модуларна, „Соравија“, пасоши за криминалци, за Мерко, за фирмите за струја, за плацевите за панели… Ништо нема да ги спаси од средбата со народот, а потоа и со правдата и одговорноста“, рече Стоилковски.

Слични содржини