Бројот на загинати во земјотресот што го погоди Мароко се искачи на 2.012, се наведува во соопштението на мароканското Министерство за внатрешни работи.
Бројот на повредени се искачи на 2.059, од кои 1.404 се во критична состојба, додаде Министерството, пренесе АП.
Мароко прогласи тридневна национална жалост по разорниот земјотрес. Националните знамиња ќе бидат на половина копје во текот на целиот период на жалост, се вели во соопштението на кралската палата, еден ден по земјотресот со јачина од 6,8 степени.