Вучиќ од Скопје: Србија останува доследна на своите искрени напори да создаде атмосфера на меѓусебна доверба

од Nikola Popovski
422 прегледи

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, се огласи на својот Инстаграм профил пред средбата на лидерите на Процесот Брдо-Бриони во Скопје.

Благодарен сум на претседателот на Република Словенија, на претседателот на Република Хрватска и на претседателот на Република Северна Македонија за топлото добредојде и за тоа што се домаќини на оваа важна средба, каде што со соговорници од регионот ќе разговарам за некои на клучните принципи на регионалната соработка, одржливиот развој, климатските промени, но и политиката за проширување на ЕУ, како стратешка точка на натамошните односи во рамките на европскиот континент, навел Вучиќ.

Според него, една од поважните теми ќе биде продолжувањето на сеопфатните политички, економски и социјални реформи, кои ќе ги задржат младите во овие области, што дополнително ќе обезбеди просперитет, стабилност и напредок на цела Европа.

Србија, како и секогаш, останува доследна на своите искрени напори да создаде атмосфера на меѓусебна доверба, разбирање и почит, што го покажа преку бројни иницијативи кои отвораат големи можности за силна соработка меѓу земјите во регионот, во корист на сите кои живеат во Западен Балкан, напишал Вучиќ на својот официјален Инстаграм профил.

Слични содржини