Грција може да искористи до 2,25 милијарди евра од европските фондови за санирање на последиците од разорната бура Даниел, во која загинаа најмалку 15 луѓе, оштетени се голем број домови, училишта и патишта, а уништени се земјоделски култури и фарми за животни.
Ова денеска го сподели претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
„Нашите мисли се со сите жени, мажи и деца кои храбро ги поднесуваат овие катастрофи и жалиме за изгубените животи“, рече шефот на Европската комисија по состанокот со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Стразбур, пренесе Ројтерс.
Комисијата ќе биде „брза и флексибилна“ за да ги мобилизира сите ресурси што би можеле да бидат распоредени за да им помогне на областите опустошени од поплавите, додаде таа.