Проруски гувернер: 24 лица се повредени во украински напад на Крим

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Најмалку 24 лица се повредени во ракетниот напад на Киев врз кримскиот град Севастопол, меѓу кои и четворица пациенти чија состојба е умерено тешка, напиша гувернерот на Севастопол Михаил Развозаев на Телеграм.

„Според прелиминарните информации, во нападот се повредени вкупно 24 лица. Четворица од нив се во средно тешка состојба“, напиша гувернерот.

Гувернерот додаде дека итните служби работат во јужната зграда на бродоградилиштето во Севастопол, каде што избувна пожарот порано.

„Се наоѓам на местото на пожарот во јужниот објект на бродоградилиштето во Севастопол. Сите служби за итни случаи работат на тоа подрачје. Нема закана за цивилните објекти во градот“, додаде Развозајев.

Слични содржини