201
МВР информира дека во текот на вчерашниот ден бил прегазен 93-годишник од Скопје.
Како што соопшти полицијата, на 12.09 во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Франклин Рузвелт“ со сервисна улица, патничко возило „југо корал 45“, управувано од М.Р.(75) од Скопје, удрило во пешакот Р.М.(93) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.