СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.А.(37), Х.А.(44), Г.М.(58), сите од Тетово, С.А.(47) од с. Пршовце, државјанин на С.Р. Германија и А.А. (27) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, а второпријавениот, третопријавениот, четвртопријавениот и петтопријавениот и поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“.
Како што информираат од МВР, во текот на декември 2022 година, првопријавениот воспоставил комуникација со ќерката и синот на 51-годишна жена од Тетово и успеал да ги наговори да ја убедат мајка си да ја продаде куќата и да купи стан во Тетово. Првопријавениот успеал да ги измами и да ги доведе во заблуда жената и нејзините деца и, со прикривање на факти, ги навел да потпишат купопродажен договор за недвижен имот, по што им понудил стан во Тетово. Меѓутоа, оштетената не го добила станот, а не ѝ биле исплатени ниту средствата од продажбата на куќата.
Второ, трето, четврто и петтопријавениот посредувале во изготвување на купопродажниот договор и на продажбата на куќата на оштетената.