200
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска во своето обраќање на Демографскиот самит во Будимпешта рече дека Србите не се проблем, туку решение за Балканот.
„Долго живееме заедно и знаеме со што се соочуваат“, рече Орбан, кој го поздрави учеството на српската членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ.
Премиерот на Унгарија рече дека „Балканот се соочува со бројни предизвици и дека стабилноста на регионот е важна“.