Кузеска: СДСМ се бори за членство во ЕУ заради граѓаните – платите во првите години на земјите членки растат 70 до 100%

од Nikola Popovski
181 прегледи

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска истакнува дека владеачката партија е посветена на членството во ЕУ заради граѓаните, за подобар животен стандард, поголеми плати и пензии. Таа наведе меѓу другото дека земја-членка на ЕУ, во реални пари, има приближно 850 евра дополнителен годишен доход по жител, во текот на една година.

Според неа, за само неколку години СДСМ со интеграциските политики успеа значително да ја раздвижи економијата, да ги покачи платите и пензиите.

-Минималната плата од 8.000 денари во време на ДПМНЕ, СДСМ ја покачи на 21.000 денари. Просечната плата СДСМ ја зголеми драстично, од 22.000 денари во време на ДПМНЕ на 37.000 денари. Тоа се 230 евра месечно повеќе во семејниот буџет на работниците во државата.

Во 2016 година сме имале само 338 милиони евра странски инвестиции а со СДСМ во земјава минатата година имаше 753 милиони евра странски инвестиции. Двојно повеќе. Со членство во ЕУ сите овие бројки драстично ќе бидат поголеми.

Платите во првите години на земјите членки во ЕУ растат 70-100 проценти. Тука се и огромните финансиски фондови. Хрватска по членството во ЕУ има добиено 12 милијарди евра од европскиот буџет, кажа Кузеска за причините зошто СДСМ се бори за членство во ЕУ.

Слични содржини