СДСМ: Дел од производите кои енормно поскапеа од август, поевтинуваат и до 40%

од Nikola Popovski
183 прегледи

Мерката на Владата предвoдена од СДСМ за намалување на цените на прехранбените производи е успешна и дава резултати, порачаа утрово од партијата на власт.

Се наведува дека веќе се намалени цените на основните прехранбени производи во маркитеите, на лебот, млекото, јајцата, брашното, месото, оризот, сирењето, кашкавалот, и многу други.

-За дел од производите, кои енормно поскапеа од август досега, цената се намалува и до 40%. Следува намалување и на цените ја пијалаците. СДСМ се грижи за граѓаните и го штити животниот стандард, соопштија од владеачката партија.

Владата во вторникот одлучи да ги намали и замрзне цените на 24 групи прехранбени производи. Цените на прехранбените производи, кои трговците ги означија со натпис „Гарантирана цена“, ќе бидат замрзнати до 30 ноември, а супермаркетите ќе треба да обезбедат најмалку 70 отсто од количината што ја продале во август.

Доколку има потреба, ќе се продолжи времетраењето на мерките за ограничување на цените на храната, а ќе се прошири и листата на производи што ќе се продаваат по „гарантирана цена“.

Слични содржини