Познатиот руски астролог Павел Глоба неодамна откри дека два знака од средината на септември до крајот на есента ги очекува невообичаено поволен период.
Глоба е истакнат астролог во поранешните советски држави, а тамошната јавност сака да го следи, особено затоа што често дава најразновидни и детални астро прогнози.
Рак
Од 15 септември наваму ве очекува период на промени. Можно е да се соочите со проблеми, особено на работа, но не гледајте на ова како казна, туку како можност!
Глоба истакнува дека Раковите со снаодливост и упорност ќе ги надминат овие предизвици и ќе ги претворат во нивен голем успех.
Целата ваша напорна работа ќе биде наградена. До крајот на октомври можете да очекувате и унапредување или зголемување на платата на вашето работно место. Вака или онака, салдото на банкарската сметка на Ракот во голема мера ќе се подобри.
Риби
Рибите, пак, имаат среќа кога е љубовта во прашање! Доколку сте сами во наредните недели, ве очекува судбоносна средба која ќе ви го обои животот со нови бои и ќе ви го стабилизира животот. Ова познанство најверојатно ќе се претвори во страсна романса која ќе ви донесе искрено задоволство.
Рибите кои веќе имаат семејство или партнер ќе ја подобрат својата врска и ќе ја подигнат на повисоко ниво со многу повеќе топлина, доверба и разбирање.