Мицкоски е бледа копија на Груевски – сам нека си ги решава кавгите, побараа од „Бихаќка“

од Nikola Popovski
142 прегледи

Обидите за создавање конфузија во јавноста и очајната потреба да ја вмеша и СДСМ во внатрешните поделби и кавги во ДПМНЕ нема да му помогнат на Мицкоски, порачаа денеска од владеачката партија.

Оттаму побараа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да не ја меша СДСМ цо дворските игри и пресметки и сметаат дека Мицкоски треба сам да си ги решава кавгите.

-Јавноста се уште чека одговор од Мицкоски за диловите со Груевски. Никако да одговори за барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него внатре во неговата партија.

Мицкоски е бледа копија на Груевски. Политиката на блокада на Мицковски е исто така само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него. СДСМ ќе направи се и нема да дозволи Мицковски или кој било повторно да ја земе државата како заложник, стои во партиското соопштение на партијата на власт.

Слични содржини