Намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид, декарбонизацијата ќе биде регулирано со закон, а стопанството е подготвено да го спроведува, ова го изјави Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање на конференција на тема: „Одржливи енергетски вештини во градежништвото” – SEEtheSkills проект, која ја органзира Стопаната комора.
Шукова, оцени дека зелената агенда за Западен Балкан, е сериозна алатка кон која што треба да се стремиме, бидејќи како што кажа некои од нејзините принципи укажуваат колку е битна декарбонизацијата за Европа.
– Ние географски како дел од Европа и утре како дел админситративно од ЕУ. треба да ги намалиме количините на отпад којшто финално ги депонираме, изјави Шукова.
За декарбонизацијата ќе ни биде потребно законодавството во делот на климатската акција која што се надевам дека во скоро време ќе го донесеме и наскоро ќе го поднесеме Собранието на РСМ. Меѓутоа и приватниот сектор којшто денеска во своите изјави покажа дека се спремни за климатската акција, се спремни за законот односно за тргување со емисиите, рече миснистерката за ќивотна средина и просторно планирање Каја Шукова.
Таа изрази надеж дека спроведувањето на зелената агенда од страна на државата, научниот сектор и стопанството ќе продолж и понатаму.