Убиен командантот на Црноморската флота, највисокиот руски офицер од почетокот на војната

Командантот на руската Црноморска флота, адмирал Виктор Соколов беше убиен во неодамнешниот напад на командата на флотата на Крим

од Vladimir Zorba
543 прегледи

Командантот на руската Црноморска флота, адмирал Виктор Соколов, загина во ракетен напад врз седиштето на флотата во Севастопол на окупираниот Крим на 22 септември, заедно со уште 34 офицери, а уште 105 руски војници беа ранети.

Зградата не може повторно да се изгради, соопшти командата на силите за специјални операции на Украина, а пренесуваат бројни украински медиуми.

Информацијата на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) ја сподели и Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.

Соколов беше назначен за командант на флотата во август 2022 година, а чинот адмирал го доби на 6 јуни оваа година. Адмирал Соколов е највисокиот руски офицер од сите ликвидирани во Украина од почетокот на војната во февруари 2022 година.

Ден по нападот, Украинците тврдеа дека убиле или раниле високи команданти на руската морнарица и дека ќе ги објават деталите што е можно поскоро. Тие тогаш изјавија дека нападот бил извршен за време на состанок на високи офицери на руската армија.

Командата на специјалните сили на украинската армија извести и дека во нападот на 13 септември во кој беше оштетен бродот Минск загинале 62 руски војници. Како што тврдат, бродот требало да исплови следниот ден на мисија, па на бродот бил целиот екипаж.

Слични содржини