420
Пратеникот од владејачката СДСМ, Мартин Костовски преку објава на социјалните мрежи, побара единство во својата матична партија.
„Социјалдемократи другари и другарки или ќе се држиме сите заедно еден до друг, или ќе потонеме сите еден покрај друг.
Време е за помирување и обединување“, напиша тој на Фејсбук.
Костовски беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Куманово на последните локални избори. Претходно ја извршуваше функцијата директор на Службен весник.