363
Претседателот на самопрогласената Република Нагорно-Карабах, Самвел Шахрамањан, потпиша указ за распуштање на сите институции од 1 јануари следната година, соопштија денеска властите на регионот со доминантно ерменско население.
Самопрогласената република ќе престане да постои од тој датум, се наведува во указот, пренесува Ројтерс.
Во вторникот, на 19 септември, Азербејџан објави дека започнал „антитерористички операции“ против ерменските сили во Нагорно-Карабах, спорна територија меѓу двете држави.
Следниот ден, имаше прекин на огнот во Нагорно-Карабах, бидејќи ерменските сепаратисти се согласија да го положат оружјето и да преговараат за реинтеграција на оваа територија во Азербејџан.