861
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска им се обрати на граѓаните со порака на Инстаграм, во која посочи дека, како што наведе, „направиле се за да ја уништат Србија“, но дека Србија ќе победи.
-Зад нас имавме тешки седум дена, најтешките во последните 15 години. Најтешко е поради настаните на Косово и Метохија и кампањата против нашата Србија, кампањата на лаги и невистини. Како што вели нашиот народ, снег не паѓа за да ја покрие планината, туку за секое животно да си ги покаже трагите. Можевме да видиме дека имаме пријатели кои не се многубројни, но храбри – вели Александар Вучиќ.