Ревизори во Битолската болница: Акцелераторот стои во бункер

од Nikola Popovski
185 прегледи

Ревизори на Државниот завод за ревизија, по извршената ревизија во ЈЗУ Клиничка болница-Битола, информираат дека во просториите на Болницата во посебен објект, бункер, сместен е линеарен акцелератор кој не се користи и не е внесен во сметководствената евиденција.

Акцелераторот е за третман на онколошки заболувања, а набавен бил од Министерството за здравство во периодот од 2012 до 20177 година и чинел 172 милиони денари.

Oд страна на Болницата дадено е образложение дека апаратот не се користи поради недостиг на дополнителна опрема потребна за негово функционирање како и недостиг на соодветен квалификуван кадар. Имајќи ја предвид потребата од подобрување и зголемување на достапноста на онколошките здравствени услуги и рационалното користење на буџетските средства, ревизијата укажува дека е потребно во најкус можен рок да се преземат активности од страна на Болницата во соработка со Министерството за здравство за ставање на апаратот во употреба.

Околу 36 милиони денари се исплатени по основ на дежурство, без побарана согласност од Министерството за здравство за воведување на истите. Се исплаќале и дежурства на немедицински кадар, во износ од  919 илјади денари. Седум милиони денари биле исплатени и за прекувремена работа на 303-ца вработени, но за тоа не бил известен инспектор на трудот и не се воспоставени контроли на бројот на реализирани часови, поради што 41 вработен оствариле прекувремена работа над дозволениот максимум од 190 часови, за што се исплатени околу еден милион денари.

Ревизорите сметаат дека ваквата состојба се должи на тоа што дел од  медицинскиот кадар не ги исполнува законски предвидените 36 до 40 работни часови неделно, туку  дежурствата им се евидентираат  како дел од полното работно време,   што влијае на достапноста на здравствените услуги од Мој термин. Но, одредени  вработените  им се исплаќа  редовна плата и надоместок за дежурство.

Ревизијата констатирала и дека 6.268 пациенти користеле здравствени услуги на приватно, но на сметката на Болницата уплатени се за 2 милиони денари помалку пари, односно 63% пресметани по овој основ.

Во извештајот се нотира дека на ниво на цела година во просек се креирани само 39 проценти од законски задолжителните термини за здравствени услуги генерирани во Мој термин.

Слични содржини