Девојка родила мртво бебе во Битолската болница

од Nikola Popovski

Уште едно новороденче починало вчера во болницата во Битола, информира директорката на болницата Елизабета Ивановска. Станува збор за четврта бременост на млада мајка на возраст од 21 година, која до 7 месец не била во Македонија и немала контролирана бременост, а според директорката Ивановска и третото бебе на родилката починало на сличен начин.

Родилката (21 г.) беше со неконтролирана бременост во Германија, а во нашата клиничка болница се јави со вишок на плодова вода во деветтиот месец од бременоста. Бебето беше породено со „царски рез“, немалтретирано, но за жал без знаци на живот. Разговаравме и со родилката која и претходно имала породување со мртво бебе, изјавила Ивановска за МИА.

Најавена е обдукција за да се утврдат причините поради кои настапила смртта.

Ова е втор пат бебе да почине во оваа болница за краток временски период од неколку месеци.

Слични содржини