Канонада од куршуми во Батинци: Го пукале додека се возел со „голф“

од Nikola Popovski

Денеска (26.05.2024) во 03.00 часот во СВР Скопје, С.С.(43) од с.Батинци, скопско пријавил дека на 25.05.2024 околу 21.50 часот на подрачјето на с.Батинци, скопско, додека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, слушнал истрели по што застанал и на задниот дел на возилото забележал оштетување од огнено оружје.

Повредени лица нема. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини