Бајден: Путин е брутален тиранин, НАТО е посилен од кога било

од Nikola Popovski

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден го нарекол рускиот лидер Владимир Путин „брутален тиранин“.

Бајден ова го изјавил за време на обраќањето пред дипломираните студенти на Воената академија на САД во Вест Поинт.

Американскиот претседател ја потврдил непоколебливата поддршка на САД на Украина во војната со Русија.

„Ние стоиме цврсто со Украина и ќе застанеме со нив. Стоиме против човек што добро го познавам долги години, брутален тиранин. Можеби нема, нема да заминеме“, кажал Бајден.

Тој нагласил дека САД ќе продолжат да обезбедуваат оружје и да ја обучуваат украинската армија, но ја отфрли можноста за испраќање американски војници во Украина.

„Нема американски војници во војната во Украина. Решен сум така и да остане“, обелоденил тој.

Бајден додал дека Путин е „сигурен дека НАТО ќе се распадне“.

„Денес најголемиот одбранбен сојуз во историјата на светот е посилен од кога било“, дециден е американскиот претседател.

Слични содржини