239
Ескалацијата за која се одговорни САД ја принудува Русија да употреби екстремни мерки, изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.
„Подгревањето на тензиите и ескалацијата ќе доведат до ситуација Русија да го земе црвеното копче и да го стави на маса“, рече Лукашенко за време на посетата на воениот полигон во регионот Брест.
На Телеграм каналот „Пул_1“, за кој се верува дека е близок до прес-службата на Лукашенко, беше објавено дека белорускиот лидер истакнал дека САД се тие кои ја туркаат Русија на екстремни мерки, пренесе ТАСС.
Лукашенко претходно ги повика САД и Европа да не испраќаат модерно оружје во Украина, нагласувајќи дека Америка ги иницирала сите воени конфликти во Европа и дека Вашингтон има корист од тоа.