Грковска-Перебијнис: Украина е пријателска земја која секогаш може да смета на поддршката од С.Македонија

од Nikola Popovski
173 прегледи

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, одржа средба со заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Јевген Перебијнис, кој деновиве е во посета на земјите од регионот. Вицепремиерката Грковска изразила поддршка за украинските граѓани во справувањето со руската воена агресија врз Украина и борбата за зачувување на територијалниот интегритет на државата. Таа нагласи дека Украина е пријателска земја која секогаш може да смета на поддршката од Северна Македонија.

Заменик-министерот Перебијнис се заблагодарила за постојаната поддршка од нашата земја, која ја сметаат за клучен партнер од Западен Балкан, истакнувајќи дека за нив е непроценлива помошта во воена опрема, приклучувањето на нашата држава кон санкциите за Русија и поддршката за евроатланските аспирации на Украина. Перебијнис истакна дека Украинците не се борат само за својата земја, туку и за заедничките вредности и безбедноста на цела Европа.

Иако главната цел на Украина во моментов е победа над агресорот, Перебијнис нагласила дека зачленувањето во Европската Унија е дел од врвните приоритети на неговата држава и истакна дека интегративниот процес е уште една можност за јакнење на соработката меѓу двете земји. Во таа насока, на состанокот биле споделени искуства околу исполнувањето на европските критериуми за членство и реформите кои целат кон подобар стандард за сите граѓани и за целото општество. Вицепремиерката Грковска информирала за политиките за добро владеење кои ги спроведува кабинетот со кој раководи и му честиташе на украинскиот владин претставник за тоа што во време на војна земјата успеа да воспостави посебни институции за борба со корупцијата.

Слични содржини