5 намирници кои го забрзуваат лекувањето на настинката

од Vladimir Zorba
353 прегледи

Студената сезона започна сериозно: шмркање, кивање, кашлање, покачена температура се нашето секојдневие. Затоа постојат 5 намирници кои го забрзуваат лекувањето на настинката.

Кога сте настинати, веројатно ќе се фокусирате повеќе на доволно спиење отколку на јадење или пиење било што – освен течности за да ве одржуваат хидрирани.

Сепак, одредени видови храна и пијалоци можат да обезбедат одредено ослободување од симптомите на настинка.

1. Банани

Бананите се една од најлесните намирници за дигестивниот систем и остануваат една од ретките омилени намирници кога апетитот е намален поради болест. Ова овошје содржи фруктани кои имаат антивирусни својства и можат да го зајакнат имунитетот. Дури и да не сте настинати, изгмечете банана и додадете една лажичка домашен мед и половина лажичка рендан ѓумбир. Ова секако ќе го забрза лекувањето на настинки.

2. Моркови

Морковите може да се додадат во чорби или супи за вкус, но може да бидат корисни за имунолошкиот систем како бонус. Овој корен зеленчук содржи бета каротин, кој е каротеноид на витаминот А. Витаминот А помага во функционирањето на имунолошкиот систем. Кога ќе настинете, испијте сок од морков или изрендајте морков, измешајте го со малку маслиново масло и сок од лимон и јадете го како салата. А тоа ќе го забрза лекувањето на настинките.

3. Лута пиперка

Лутата пиперка помага за истенчување на слузта, што ја спречува и ублажува назалната конгестија – вообичаен симптом на настинка. Истражувачите открија дека капсаицинот – соединението што им дава лутина на пиперките – може да помогне и во сузбивање на нападите на кашлање. Додадете малку лута пиперка во чај или супа.

4. Сок од калинка

Чистиот сок од калинка е уште еден пијалок кој го поддржува имунитетот со своите антимикробни и антиинфламаторни ефекти. Овој пијалок содржи полифеноли кои се борат против вирусите и можат да ги намалат симптомите на настинка. Пијте сок од калинка, додадете го во вода или чај од камилица, измешајте го во смути.

5. Јаткасти плодови

Покрај тоа што се една од најчестите антиинфламаторни намирници, оревите содржат неколку хранливи материи кои се клучни за поддршка на имунолошкиот систем. Тие вклучуваат витамини Е и Б6, бакар и фолати. Излегува дека некои од компонентите на оревите можат да ја зголемат способноста за концентрирање и да ја подобрат енергијата. Ова е важно бидејќи неконтролираниот стрес може да го ослаби вашиот имунолошки систем. Кога ќе настинете, додадете мелени ореви во пире од банани или салата од морков. А, ако не ве боли грлото, јадете по една рака ореви секој ден.

Слични содржини