ДУИ бара да се истражат јавните набавки во Чаир вредни близу 16 милиони евра

од Nikola Popovski
178 прегледи

Демократската унија за интеграција (ДУИ) со загриженост ги следи медиумските известувања за флагрантна злоупотреба на јавните набавки во општина Чаир.

Се известува дека од 2020 до 2023 година – општина Чаир издвоила 16 милиони евра за тендери за две фирми “Бауер БГ ДОО“ и “ЕнергоИнвест Трејд“, кои имаат ист сопственик, Гордана Димитрова.

Според информациите, општина Чаир со компанијата „Бауер БГ“ склучила 23 договори за јавни набавки во вредност од 4.113.165 евра, како и договор за плоштадот “Скендербег“ во вредност од 11.091.674 евра, што е вкупно 15.204.843 евра.

-Ги повикуваме надлежните институции да ја испитаат евентуалната злоупотреба на буџетските средства и да постапат согласно законот, велат од партијата од Мала Речица.

Според податоците кои ги објави порталот „Politiko.mk“, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу и Изет Меџити со фирмата „Баур БГ“ склучиле 23 договори за набавка во вредност од 4.113.165 евра, како и договори во вредност од 11.091.674 евра за плоштадот „Скендербег“, кој вкупно изнесува 15.204.843 евра.

Слични содржини