184
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Ван, на југоистокот на Турција, објави турската агенција за управување со катастрофи (АФАД) на социјалната мрежа X (Твитер).
Во соопштението се наведува дека земјотреси се регистрирани и во областа Тушба, во близина на езерото Ван, пренесува РИА Новости.
Турската служба соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 7 километри.