255
За време на официјалната посета на Грузија и разговорот со неговиот грузиски колега Иракли Гарибашвили во Тбилиси, унгарскиот премиер Виктор Орбан, зборувајќи за пречките со кои се соочуваат христијаните во Европа, рече дека „не е лесно да се биде христијанин во Европа“.
Религијата беше голема тема за време на посетата на унгарскиот премиер на Грузија, а двајцата премиери заедно со своите сопруги посетија православен манастир и меѓусебно се пофалија за поддршката на христијанските вредности, пишува порталот Политико.
„Не е лесно да се биде христијанин и да се води христијанска влада во Европа“, рече Орбан, изразувајќи загриженост дека христијанските традиции се „осудени на пропаст“ ако не се заштитат