На социјалните мрежи се појавија првите снимки од акцијата на белгиската полиција утрово во бриселскиот кварт Скарбек, во која е „неутрализирано“ лицето осомничено за синоќешниот терористички напад во главниот град.
Анелизе Верлинден, белгиската министерка за внатрешни работи, објави дека напаѓачот бил „неутрализиран“ во Скарбек, без веднаш да го идентификува застреланото лице.
РТБФ пренесува дека белгиските власти сега потврдиле дека „неутрализираното лице“ е Абдесалем Л.(45), кој е осомничен за нападот.
🔴 BREAKING NEWS | 🇧🇪#Attack in #Brussels 🇧🇪, the #Tunisian suspect believed to be the perpetrator has been arrested and "neutralized." The man was reportedly involved in a shootout with the police in #Schaerbeek. He was shot in the chest during his apprehension.#Belgium… pic.twitter.com/aqHJSFWM0Q
— Breaking News (@PlanetReportHQ) October 17, 2023
„Тој човек моментално е на интензивна нега“, изјави Руди Верворт, премиер на бриселскиот регион, иако претходно белгиските медиуми пренесоа дека напаѓачот загинал за време на престрелката.
Белгискиот сојузен обвинител претходно изјави дека имаат „цврста претпоставка“ дека утринава застреланиот од полицијата е Абдесалем Л.(45), по потекло од Тунис, кој е осомничен за нападот.
Верлинден претходно објави дека осомничениот за терористичкиот напад кој беше застрелан се наоѓа во болница на реанимација.
Полицијата на местото на претресот во Скарбек пронашла неколку парчиња оружје, а некои наводно биле пронајдени во блискиот парк.
#UPDATE Belgian police on Tuesday arrested a man suspected of having gunned down two Swedish football fans in an attack in Brussels, a spokesman for the federal prosecutors' service said.
Spokesman Eric Van Duyse told @AFP officers "opened fire" as they apprehended the man in… pic.twitter.com/FvhMvIysQz
— AFP News Agency (@AFP) October 17, 2023
Абдесалем Л.(45), кој по потекло е од Тунис, е осомничен дека синоќа околу 19:15 часот во Брисел испукал истрели од огнено оружје, при што убил двајца Швеѓани и ранил трето лице, исто така од Шведска.
Како резултат на тоа, Националниот кризен центар го подигна нивото на тревога на максималното ниво 4 во главниот град на Белгија.
Нападот се случил на маргините на фудбалскиот натпревар меѓу Белгија и Шведска во Брисел во рамките на квалификациите за Европското првенство во 2024 година.