На крстосница Богданци, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Стар Дојран вчера во 16.05 часот забележале патничко моторно возило „тојота“ со бугарски национални ознаки и патничко моторно возило „ауди а8“, во кои се превезувале мигранти.
Во близина на дојранското село Фурка, информираа денеска од МВР, возилата застанала и ги истовариле мигрантите, по што заминале.
– На место биле пронајдени четири лица мигранти (по двајца од Сирија и Палестина), а набргу на влезот од с.Фурка било пронајдено возилото „тојота“. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гевгелија. Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот, појаснија од МВР.