Земјотрес стресе делови од Македонија

од Nikola Popovski
262 прегледи

Пред речиси половина час бил почувствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтер во Тетово, Скопје и околината.

Според информациите, епицентарот е во северо-западниот регион од Македонија, во близина на границата со Албанија и Косово.

Како што објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот се случил во 10 часот и 24 минути по локално време.

-Епицентарот на потресот бил на околу 13 километри југоисточно од Тетово, на длабочина од 5 километри, или на 39 км од Скопје, објави ЕМСЦ.

Нема информации за причинета материјална штета.

Слични содржини