Не можете а да не ја дојадете целата кесичка чипс? Науката вели дека проблемот не е во вас, туку во нездравата храна. Експертите велат дека ултра-обработената храна предизвикува зависност како никотинот, кокаинот или хероинот.
Новата анализа на 281 студија во 36 различни земји покажа дека неверојатни 14 отсто од возрасните се зависници од ултра-обработена храна.
Откритието е шокантно кога знаеме дека ултра-обработената храна, која вклучува колбаси, сладолед, бисквити, безалкохолни пијалоци и зашеќерени житарки, е поврзана со когнитивно опаѓање, рак, психолошки проблеми, па дури и рана смрт.
„Се чини дека комбинацијата на рафинирани јаглехидрати и масти кои често се наоѓаат во ултра-обработената храна може да го зголеми потенцијалот за зависност на овие намирници“, напишаа авторите на студијата во нивните наоди објавени во The BMJ.
Еден од авторите на студијата, Крис ван Тулекен, изјави за „Гардијан“ дека „ултра преработената храна предизвикува зависност за многу луѓе.
„Кога луѓето стануваат зависни од храна, тоа е речиси секогаш ултра-обработена храна“, додаде Тулекен.