Уште во моето експозе кога станав претседател на Владата кажав дека ќе имаме редовни избори, опозицијата во неколку наврати тврдеше дека ќе има предвремени избори и сега да каже дека ќе има редовни избори, така да тоа прашање е одамна апсолвирано, рече денеска во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.
Тој истакна дека датумот на изборите е предмет на дискусија меѓу сите политички партии, а не само на две политички партии.
-И Изборниот законик и одржувањето на изборите се прави согласно со закон и Устав, согласно со мандати. Оваа година имаме карактеристични избори бидејќи имаме и претседателски и парламентарни избори, кажа Ковачевски.
Тој не одговори дали изборите би можеле да бидат на 8 мај, како што предлага опозицијата, но рече дека средби меѓу партиите треба да има и дека на нив треба да има општ договор меѓу работните групи на политичките партии, кои треба да разговараат за деталите за изборите.
-Кога ќе бидат усогласени сите ставови тогаш може да биде информирана и јавноста. До тогаш се е на ниво на желби, на ниво на шпекулации а јас никогаш не комуницирам ни на ниво на желби ни на ниво на шпекулација, потенцира Ковачевски.