Работата на оваа анкетна комисија посакувам да биде своевиден притисок врз ЈО, ден поскоро да излезат со конкретни обиненеија и лоцирање на вината и одговорноста на сите оние кои на монструозен начин допринеле за едно скандалозно, монструозно однесување на клиниката на онкологија, што е многу сензитивно, осетливо и таквата работа е страшна, истакна пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, во рамките расправата на собраниската анкетна комисија за скандалот на онкологија.
Костовски потсети дека за нерегуларностите на онкологија тивко се зборувало 20 години, а случајот се отвора сега.
-Знаеме дека 20 години се шепотело, за некои нерегуларности на онкологија, а токму во времето на владеење на СДСМ се отвора оваа тема, обвинителството работи, полицијата прибира докази и дефинитивно не е битно ниту име, ниту презиме, ниту блискост ни припадност на секој оној што на монструозен начин бил вклуен, нагласи Костовски, додавајќи дека некои пратеници од опозицијата продолжуваат со донесување предвремени заклучоци.
Некои пратеници од опозицијата продолжија со донесување предвремени заклучоци, за да се впери прст во некого, создаваат непријатност да глумиме дека од една страна ние сме обвинители, а сведоците и експертите се во улога на обвинети, а тоа воопшто не е така, улогата на анкетната комисија е донесување заклучоци за подобрување и функционалност на здравствениот систем, порача Костовски.