Колку точно е во хаос германската политичка сцена? Ова прашање се наметнува откако најтиражниот германски дневен весник „Билд“ објави истражување за мислењето на Германците за политичките партии, од кое произлегува не само дека владејачката коалиција „семафор“ достигнала најниска точка на поддршка од освојувањето на власта повеќе отколку пред две години, но и дека германските граѓани не гледаат комбинација на партии на власт како политичка опција која подобро ќе ја води земјата.
А кога ќе се постави прашањето за политичкото управување на најголемата европска економија, тоа значи дека германскиот проблем некако ќе стане паневропски проблем. Германија минува низ најтешките економски, социјални и трансформациски предизвици во последните неколку децении, а коалицијата на СПД, Зелените и ФДП падна од највисокото ниво во септември 2021 година на политички мизерни 34 проценти. Треба да се напомене дека тоа е севкупната поддршка за владејачката коалиција на федерално ниво, а партиите членки на таа коалиција поединечно уживаат уште послаба доверба според анкетите – СПД е со 16 отсто, Зелените на 13, а ФДП на лоши 5 проценти.
„Билд“ ја нарече „крива на хорор“ траекторијата на падот на популарноста на коалицијата и партиите што ја сочинуваат.
Посебен проблем е што толку ниската популарност на владејачката партија не значи дека постои партија или партии кои можат да добијат висока поддршка од граѓаните, што е предиспозиција за промени и стабилизација на Германија. Оваа анкета на ИНСА за „Билд“ всушност открива дека Германците се поделени околу тоа каде треба да одат, а веќе не е прашање, како што пишува „Билд“, колку брз ќе биде колапсот на постоечката влада, која е безнадежно поделена, туку за политичките перспективи.
„И додека лидерот на ЦСУ Маркус Содер веќе и понуди на СПД влез во коалицијата („Подготвени сме!“), лидерите на „семафорите“ се обидоа повторно да најдат заеднички став на вчерашната средба кај Олаф Шолц. Но, граѓаните се скептични: 71 отсто во моментов се незадоволни од владата на канцеларот (СПД) – ова е исто така рекорд (само 24 отсто се задоволни)“, пишува „Билд“ и продолжуваат: „Граѓаните исто така не гледаат јасна алтернатива на сегашната влада. Само 18 отсто веруваат дека големата коалиција (ЦДУ/ЦСУ и СПД) подобро би управувала со Германија отколку со „семафор“, додека 9 отсто го мислат истото за црно-зелената коалиција. 14 проценти сметаат дека германската коалиција (Унија, СПД, ФДП) би била подобра од семафорите…“
Дали на Германија и се заканува политичка дестабилизација? Дури 45 отсто од граѓаните сметаат дека ниту една од алтернативите нема да биде подобра од актуелната власт и де факто ја изгубија довербата во неа.
Дали тоа значи дека Германците се повеќе ја губат довербата во целиот политички спектар?