Помалку познати симптоми на синдромот Хашимото кои многумина ги игнорираат

од Vladimir Zorba
3,2K прегледи

ХАШИМОТО синдромот, познат и како Хашимото тироидитис, е автоимуна болест на тироидната жлезда која најмногу ги погодува жените. Истражувањата покажуваат дека оваа состојба се јавува 15 пати почесто кај жените отколку кај мажите, известува клиниката Мајо.

Лекарите објаснуваат дека Хашимото синдромот е најчеста причина за хипотироидизам во светот, нарушување на тироидната жлезда кое има многу негативни здравствени последици.

Со оглед на тоа дека симптомите на оваа болест се многу суптилни, тешко е да се препознаат. Исто така, многу жени често ги поврзуваат со други, помалку опасни состојби, што ја отежнува дијагнозата. Иако не постои лек за Хашимото синдром, тој може успешно да се менаџира.

Токму затоа, велат лекарите, потребно е да се реагира кога ќе се појават првите симптоми. Најчестите знаци кои укажуваат на оваа состојба се:

* замор
* исцрпеност
* проблеми со меморијата и концентрацијата
* зголемена чувствителност на студ
* запек
* мускулна слабост
* болки во зглобовите
* ненадејно зголемување на телесната тежина
* надуеност
* проблеми со спиењето
* сува и бледа кожа
* губење на косата
* нарушувања на менструалниот циклус
* неплодност или проблеми со зачнувањето
* промена на гласот, најчесто засипнатост
* зголемување на тироидната жлезда (гушавост).

Иако сите овие симптоми не мора да значат дека личноста има Хашимото синдром, доколку ги забележите, треба да направите лекарски преглед.

Слични содржини