3,1K
Поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша го коментираше воведувањето полициски контроли на границата со Хрватска и Унгарија и ги повика Словенците легално да се вооружат, бидејќи, како што наведува, „ѓаволот ја однел шегата“.
„Ѓаволот ја однесе шегата. Вооружете се. Законски“, напиша Јанша на социјалната мрежа Х.
Тој додаде дека паметните го разбрале повикот, а другите, вели, „ќе им веруваат на премиерот (Роберт) Голоб, Поклукар и Шарац дека се способни да ја заштитат Словенија, но и нив лично во случај на терористички напади“.