189
На 25.10.2023 во 02.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.И. (26) од Куманово поради основано сомнение дека на 24.10.2023 влегол во деловен објект во Куманово и одзел повеќе предмети.
При преглед на неговото возило биле пронајдени предметите и тие се вратени на сопственикот. С.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.