Рашковски повеќе не е во куќен притвор, дал гаранција од речиси 12 милиони денари

од Nikola Popovski
228 прегледи

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, повеќе не е во домашен притвор и правосилниот исход во случајот „Софтвери“ ќе го чека од слобода.

„Крвичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог за укинување на мерката – Куќен притвор за осудениот Д.Р, донесе решение со кое мерката куќен притвор се укинува со определена гаранција во вредност од 11.868.762 денари во недвижен имот.

Станува збор за неправосилно решение за кое по добиена жалба на надлежниот обвинител и комплетирање на предметот во Законски утврдениот рок, ќе биде доставен на надлежно постапување во второстепениот суд“, велат од Кривичниот суд преку соопштение.

Рашкоски беше прогласен за виновен за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ во предметот „Софтвери“ и судот му определи осум години затвор, во кои ќе му се смета и времето поминато во куќен притвор.

Тој доби казна затвор од седум години за злоупотреба на службена положба и една година и шест месеци за делото перење пари, за што судот му одреди една единсвтена казна затвор од осум години.

Судот ги прогласи за виновни и лицата Ивица Димитровски за кое одреди казна затвор од 5 години, за Игор Христов казна од 5 години и 6 месеци, за Даниел Станчев 4 години во кои ќe биде пресметано и времето поминато во куќен притвор, за Ирена Ивановска определена е казна затвор од 3 години и 6 месеци, а за Игор Ивановски и Маја Силјаноска судот определи три години. Лицата се обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Слични содржини