226
Синоќа комбе полно со мигранти, пропаднало во ископаниот канал на главната улица во Велес. Комбето бегало од полиција и тргнало во спротивен правец на улицата „8 Септември“.
Како што информираат од полицијата, комбето пропаднало во ископаниот ров. Оттаму велат дека возачот и совозачот се фатени и приведени.
Според првичните информации, македонската полиција заедно со припадници на ЕУЛЕКС, го следеле комбето уште од македонско-грчката граница.
Во сообраќајната несреќа повредени се 11-годишно дете и неговиот татко, кои биле во комбето.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денов.